Соединетите држави може наскоро да се согласат да ѝ дадат на Украина крстосувачки наведувани ракети со долг дострел кои би можеле да погодат цели длабоко во Русија, но Киев ќе мора да почека неколку месеци додека САД не ги решат техничките проблеми пред да ги достават, објавија американските власти, објави во вторникот Reuters.
Објавувањето на одлуката за вклучување на JASSM (Joint Air-to-Surface Standoff Missiles) во пакетот вооружување за Украина се очекува оваа есен, соопштиле три изворa. Изворите не сакаледа бидат именувани бидејќи не се овластени да разговараат на оваа тема.
Испраќањето на ракетите JASSM би можело значително да го промени стратешкиот пејзаж на конфликтот бидејќи голем дел од Русија би бил во дострелт на моќни и прецизно наведувани ракети, што е важно за администрацијата на Бајден, велат официјалните претставници.
Меѓутоа, тие не споменуваат кој би оперирал со ваквите софистицирани вооружени системи, а уште помалку како Украина би ги добивале координатите за целите во Русија со што САД би потврдиле дека се најдиректно вклучени во конфликтот и одговорни за руските загуби.
Воените аналитичари велат дека ракетите, кои се донекаде невидливи за радарите и можат да погодат подалеку од повеќето ракети што ги поседува Украина, би можеле да ја принудат Русија да ги премести стационарните области и воените складишта на стотици километри во внатрешноста.Тоа би ги отежнало офанзивните операции за неа и би можело да и обезбеди на Украина стратешка предност.
Проектилите од северната граница на Украина со Русија би можеле да бидат истрелани сè до Воронеж и Брајанск. На југ, тие би можеле да ги таргетираат аеродромите и поморските бази на Крим.
Ракетите JASSM досега се интегрирани само во американските авиони. Украина на крајот ќе има неколку десетици ловци „F-16“ кои ќе можат да носат по две крстосувачки ракети.
Американски официјален претставник рекол дека се работи на тоа ракетите да бидат оперативни со незападни борбени авиони што ги има Украина. Украина има советски авиони „МиГ-29“, „Су-24“ и „Су-27“.
Изданиеото Politico минатиот месец објави дека администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден е „отворена“ да ѝ даде на Украина ракети JASSM.
Постарите модели на овие проектили, произведени од „Lockheed Martin“, имаат дострел од околу 370 километри, долги се 4 метри и до одреден степен невидливи за радарите, но не целосно. Тие можат да летаат на мали висини и можат да бидат програмирани да по кружни рути да ја заобиколуваат противвоздушната одбрана.
Има и ракета ЈАЅЅМ која може да прелета повеќе од 800 километри. Reuters не можеле да одреди кои проектили ги разгледува Вашингтон, но испраќањето ракети со помал дострел би предизвикало помало оптоварување на американските залихи.
Ако ѝ даде на Украина ракети ЈАЅЅМ, Вашингтон би бил под притисок да ги укине ограничувањата за употребата на американско оружје од Украина, бидејќи нивната ефикасност би била ограничена доколку не можат да се користат против цели во Русија, изјави извор од Конгресот кој работи на ова прашање.
САД стравуваат дека тоа би можело да го ескалира конфликтот.
Секоја ракета JASSM има голема боева глава тешка 500 килограми, но за разлика од британските и француските ракети „Storm Shadow“ и SCALP кои Киев веќе ги доби од Британија и Франција, тие не се дизајнирани да пробија цврсти бункери. Најновите верзии чинат околу милион долари.