Угандаската 33-годишна маратонка Ребека Чептеги, која се натпреваруваше на Олимписките игри во Париз минатиот месец, се здоби со изгореници на 75 отсто од телото и е во критична состојба во болница во кениски град Елдорет, откако, според локалните медиуми, нејзиниот партнер ја поелал со бензин и запалил.
Началникот на полицијата во областа Транс Нзоја, каде што се случил инцидентот, рече дека партнерот на Чептегу, Даниел Ндиема Марангач, исто така се здобил со изгореници и го опиша инцидентот како домашен спор.
Чептеги маратонот на Олимпијадата во Париз го заврши на 44. место.