Анита Алоска назначена за в.д.директорка на НУ „Охридско лето“

Анита Алоска е новата в.д. директорка на Националната установа „Охридско лето. Со решение на Министертвото за култура и туризам,  Алоска е назначена на раководната функција по неотповикливата оставка на досегашната директорка, Наташа Поповиќ, која изминативе шест години беше на чело на оваа најзначајна музичко-сценска манифестација во државата.

Алоска е од редот на вработените а во институцијата работи од 2007 година. Таа и во 2012 година ја извршуваше функцијата в.д директорка на НУ „Охридско лето.