Јанчев имаше средба со унгарскиот амбасадор Клајн

Градоначалникот на Општина Кавадарци Митко Јанчев денеска оствари средба со Андреас Клајн, амбасадор на Унгарија во Република Македонија.

Главниот акцент беше ставен на плановите на општината во искористување на средствата кои Македонија ги доби како заем од Унгарија. Се разговараше и за можноста за соработка во областа на културата и образованието.

Градоначалникот Јанчев и амбасадорот ќе присуствуваат и на бизнис форум кој ќе се одржи во ресторан Моклиште.