Западот и властите во Киев се откажаа од истанбулските договори за Украина со цел да постигнат стратешки пораз на Русија, но безуспешно, изјави рускиот претседател Владимир Путин говорејќи на пленарната сесија на Источниот економски форум.
„Практично ги постигнавме сите параметри за можен мировен договор со претставниците на владата во Киев. Се договоривме за сè. Освен тоа, главниот преговарач на Украина Давид Арахамија, кој сè уште ја предводи фракцијата на владејачката партија во Врховната Рада, ги овласти овие договори“, истакна Путин.
„Точно, имаше уште некои детали кои требаше да се финализираат, но во целина одобрението е сè уште валидно. Тоа е документ. Но, тогаш пристигна господинот Борис Џонсон (кој беше британски премиер, како што е познато – тоа го потврдуваат британските власти – и им наложи на Украинците да се борат до последниот Украинец. Што се случува и денес во обид да се постигне стратешки пораз на Русија“.
„Ова не функционира“, рече Путин.