Двајца напаѓачи му откажаа на Милевски во последен момент

Македонската фудбалска репрезентација отпатува за Фарските Острови каде ќе го започне новото издание на Лигата на нации, а селекторот Благоја Милевски се соочи со проблем во пресрет на натпреварот.

Својот настап поради повреди го откажаа Александар Трајковски и Милан Ристовски, фудбалери кои мора да одмораат одреден период и нема да бидат во комбинација и за септемвриските обврски на националниот тим.

Трајковски и Ристовски ќе го пропуштат и вториот натпревар, во кој противник ни е Ерменија, а селекторот допрва ќе одлучи за евентуалните замени.

Својот натпревар во Торшавн, Македонија ќе го одигра во сабота од 15 часот.