Иако крајно десничарската партија Национален собир на Марин Ле Пен заврши на третото место на парламентарните избори летово, два месеца подоцна судбината на новата влада на премиерот Мишел Барние почива на неа, предупреди опозицијата која учестваше во операцијата на спречување на Ле Пен да освои мнозинство во парламентот.
Претседателот Емануел Макрон го именуваше поранешниот преговарач за Брегзитоот на Европската унија, Мишел Барние, за премиер во четвртокот. Барние станува премиер по повеќеседмичната потрага по кандидат, по предвремените избори што ги распиша Макрон кои резултираа со фрагментиран парламент.
Судбината на Барние и Макрон сега зависи од Националното собрание (RN), според опозициските претставници и аналитичари.
„Денес имаме премиер кој е целосно зависен од RN“, рече Луси Кастес, левичарскиот кандидат за премиер, кого Макрон одби да го именува. „Притоа, претседателот кохабитираше со RN“, нагласува таа, мислејќи на редок политички феномен во кој француските претседатели владеат заедно со премиерите на ривалската партија.
Макрон со седмици бараше кандидат за премиер, некој кој ќе може долго да остане на функцијата и да ги задржи неговите политички достигнувања.
Национален собир му даде поддршка на Барние со резерва, велејќи дека ќе ја повлече доколку неговата имиграциска, безбедносна и финансиска политика не се прифатливи за партијата.
„Го задржуваме правото да ги искористиме сите политички средства доколку тоа не се случи во наредните седмици“, рече во четвртокот претседателот на партијата RN, Жордан Бардела.
Лидерката на француските Зелени, Марин Тонделие, смета дека Макрон ѝ ја дал на Ле Пен моќта на Јулиј Цезар кој одлучувал за судбината на гладијаторите покажувајќи го палецот нагоре или надолу за кандидатот за премиер.
„Се бара нејзиното одобрување“, изјави таа за TF1.
Лидерот на социјалистите, Оливие Форе рече дека Барние ќе биде целосно свесен дека неговата судбина е во рацете на Ле Пен. Посочи дека никој од неговата партија нема да влезе во владата и дека крајната десница сега ја води играта во француската политика.
Пратеникот на RN, Лoрен Јакобели, го минимизира влијанието на неговата партија врз новата влада.
„Јасно е дека сме во опозиција. Не даваме зелено светло никому. Ние нема да бидеме политичка сила која ја носи Франција до ѕидoт со систематско спротивставување на сè и создавање хаос“, изјави тој за France 2.
Вниманието сега е насочено кон одлуките на Барние за именувањата во новата влада. А истовремено левицата најави голем протест за сабота.