Денот на независноста на Македонија ќе се одбележи под слоганот „Заедно се бориме, заедно ќе успееме!“

Со свечена програма под слоганот „Заедно се бориме, заедно ќе успееме!“ Владата на 8 септември ќе го одбележи Денот на независноста.

Како што најави владината прес-служа, свечена академија ќе се одржи во Македонската филхармонија во Скопје во 13:00 часот.

Свеченоста ќе започне со изведба на македонската химна од страна на детски хор, по што ќе биде прикажан видео спотот „Везилка“ која вклучува оригинална изведба на песната од Блаже Конески.

Програмата ќе продолжи со изведби на дела од македонски автори поврзани со оваа тематика од страна на државниот џез оркестар.

Во рамките на свеченоста ќе биде прикажан и специјално подготвен пригоден видео спот од прославата на независноста кое вклучува архивски материјали од Референдумот во 1991 година.

На крајот од свечената програма ќе се обрати  премиерот Христијан Мицкоски.

-Настанот е дел од пошироката иницијатива на Владата за подигање на свеста за значењето на независноста и заедничката борба на граѓаните за подобра иднина, соопшти владината прес-служба.