Тинејџер и малолетничка на мотоцикл настрадаа во сообраќајка во Струмица

Доцна вечерта во петокот (06.09.2024) во 23,50 часот во СВР Струмица било пријавено дека на крстосницата од булеварот „Ленинова“ со булварот „Маршал Тито“ во Струмица се случила сообраќајна несреќа меѓу мотоцикл „јамаха“ без регистарски ознаки, управуван од 18-годишниот Р.У.) и патничко возило „фолксваген бора“ со струмички регистарски ознаки, управувано од 60-годишниот М.Х., и двајцата од Струмица.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, а со телесни повреди се здобила и неговата малолетна сопатничка од Скопје, констатирани во Медицинскиот центар Струмица, информира полицијата.