Алжирските власти го прогласија претседателот Абделмаџид Тебун за убедлив победник на претседателските избори одржани во неделата, но опозицискиот кандидат изнесе обвнуваања за нерегуларности во пребројувањето на гласовите, при што излегле помалку од половина од регистрираните гласачи.
Според официјалните прелиминарни резултати, Тебун освоил 95 отсто од гласовите, доволно за да избегне вториот круг, додека Абделаали Хасани Шериф освоил три отсто, а Јусеф Аушиш два отсто. Излезноста изнесувала 48 отсто, што според многумина политички аналитичари укажува на тоа дека изборачите не им веруваат на политичарите во оваа северноафриакнска земја.
Тебун, кој е поддржан од војската, се соочи само со номинална опозиција од Хасани Шериф, умерен исламист, и од Аушиш, умерен секуларен политичар.
Кампањата на Хасани Шериф упати обвинувања за нерегуларности на избирачките места, но не кажа дали верува дека тие нерегуларности влијаеле на исходот од изборите.
Но, при објавувањето на резултатите, претседателот на изборната комисија Мохамед Шарфи рече дека набљудувачкото телот работело на обезбедување транспарентност и фер конкуренција за сите кандидати.
Тебун, кој е на власт од 2019 година, вети дека ќе ги зголеми бенефициите за невработеноста, пензиите и програмите за јавни станови, кои веќе беа зголемени за време на неговиот прв мандат како претседател.