Моментално светскиот тенисер број еден Италијанецот Јаник Синер е победник на овогодинешното издание на УС Опен, откако во финалето го победи најдобриот американски играч Тејлор Фриц со 6-3, 6-4, 7-5.
Откако доминираше во првите два сета, Синер во третиот со пресврт стигна до конечниот триумф. Имено, при водство од 3-2, Синер промаши две шанси, а потоа во следниот гем го загуби сервисот и Фриц стигна до предност од 5-3. Сепак, Американецот не успеа да сервира за сет, а кога сервираше за опстанок во мечот при водство на Италијанецот со 6-5, повторно потклекна под притисокот.
За 23-годишниот Синер ова е втора „гранслем“ титула во кариерата, но и во 2024 година, откако во јануари го освои Австралија Опен. Од друга страна, 26-годишниот Фриц играше во своето прво „гранслем“ финале во кариерата, а пред овој турнир никогаш не напредуваше подалеку од четвртфиналето.