![Sanija Ameti](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2024/09/Sanija-Ameti.jpg?resize=696%2C399&ssl=1)
Санија Амети (32), швајцарска политичарка со потекло од Босна и Херцеговина на својот профил на Инстаграм објави фотографии и видео како пука во слика на Богородица и Исус, што предизвика револт и шок кај многу граѓани, објавија швајцарските медиуми.
Откако швајцарските медиуми објавија за скандалозните постапки на Амети, таа брзо ја отстрани спорната содржина од нејзините сметки на социјалните мрежи, а потоа се извини за својата постапка.
„Им се извинувам на луѓето кои беа повредени од мојата објава“, напиша таа.
![](https://i0.wp.com/plusinfo.mk/wp-content/uploads/2024/09/isus-i-marija-172x300.jpg?resize=172%2C300&ssl=1)
Но, изгледи нема да помине само со извинување бидејќи утрово СВП (Швајцарската народна партија) соопшти дека поднеле кривична пријава за повреда на слободата на вероисповед и уверување.
![](https://i0.wp.com/plusinfo.mk/wp-content/uploads/2024/09/sanija-300x169.jpg?resize=300%2C169&ssl=1)
Амети е член на партијата GLP (Зелените либерали) од Цирих и копретседател на операцијата Либеро.
Утрово СВП (Швајцарската народна партија) соопшти дека поднеле кривична пријава за повреда на слободата на вероисповед и уверување.