Генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун ја зема предвид одлуката на Шведска да ја признае Палестина за независна држава, но нема да ја коментира, бидејќи смета дека тоа е прашање за кое решава секоја одделна земја членка на светската организација, изјави портпаролот на Бан Стефан Дужарик, објави МИА.
– Признавањето на независноста на една или друга држава е прашање, за кое решаваат сами за себе земјите членки на ОН. Генералниот секретар се разбира дека е информиран за одлуката на Шведска, но таквите одлуки ги носат самите земји членки и тој не ги коментира, изјави Дужарик.
Вчера Шведска објави дека ја признава Палестина за независна држава, како чекор за уредување на израелско-палестинскиот конфликт.