Бајден потврди дека „се работи“ на укинување на забраната за Украина да користи оружје со долг дострел

Запрашан дали САД ќе ги укинат ограничувањата за употребата на оружје со долг дострел од Украина во нејзината војна против Русија, американскиот претседател Џо Бајден во вторникот рече дека неговата администрација „се занимава со тоа токму сега“.

САД досега не сакаа да ѝ дадат на Украина или да одобрат употреба на оружје што може да погоди цели длабоко во Русија поради страв од ескалација на конфликтот.

Другите сојузници на Киев обезбедуваат оружје, но со ограничувања за тоа како и кога може да се користи во Русија, поради загриженоста дека таквите напади би можеле да предизвикаат одмазда што ќе ги вовлече земјите на НАТО во војна или ќе предизвика нуклеарен конфликт. Во прв ред, користењето на такво вооружување не е возможно без стручен воен персонал кој Украина не го поседува, како и без сателитски податоци кои ги поседуваат САД.

Извори за Reuters минатата седмица изјавија дека САД се блиску до договор за обезбедување на Украина со такво оружје, но дека Киев ќе мора да почека неколку месеци бидејќи САД ги решаваат техничките проблеми пред каква и да е испорака.

Во вторникот, американскиот државен секретар Ентони Блинкен призна дека Вашингтон ќе му дозволи на Киев да врши напади длабоко на територијата на Русија со американски ракети ATACMS.

Западните медиуми претходно пишуваа дека САД може да му дозволат Киев да удри длабоко во Русија во блиска иднина. Според написите, функционери во американската администрација кои ја поддржуваат таквата сега се обидуваат да го убедат претседателот Бајден.

Во вторникот, координаторот за стратешки комуникации на Белата куќа, Џон Кирби, се обиде да увери дека Вашингтон сè уште не ги поддржува украинските напади длабоко во руската заднина, вклучително и со американско оружје, и покрај плановите на претседателот Џо Бајден да разговара за ова прашање со британскиот премиер Кир Стармер.

Од друга страна, новинарот на Axios, Џулигрејес Бруфке, објави, цитирајќи го Мајкл Мекол, претседател на Комитетот за надворешни работи на Претставничкиот дом на САД, дека Блинкен за време на неговата претстојна посета на Украина, ќе му даде дозвола на Киев да користи ракети ATACMS за напади на територијата на Русија.

Во средината на јули, Пентагон соопшти дека Соединетите држави нема да дозволат Киев да користи американски оперативно-тактички ракети ATACMS за напади длабоко во руска територија, но „ова може да се промени“. Во исто време, заменик-портпаролот на Стејт департментот, Ведант Пател, како одговор на прашањето дали е време да им се дозволи на украинските вооружени сили да го користат ова оружје со долг дострел за напад на руски воени цели, рече дека нема да навлегува во приватни дипломатски разговори со украинските партнери.