Мартин Одегард, најдобриот фудбалер на лондонски Арсенал и на норвешката репрезентација, ќе биде надвор од фудбалските терени следниот месец поради повреда на зглобот на левата нога.
„Според првите информации што ги добив од Лондон, а по магнетната резонанца, голема е веројатноста дека немало скршеница на скочниот зглоб. Ова е добра вест, но речиси сигурно зборуваме за пауза која ќе трае околу четири седмици“, изјави докторот на норвешката фудбалска репрезентација.
Одегард се повреди на натпреварот од Лигата на нациите меѓу неговата Норвешка и Австрија, а потоа отпатува во Лондон. Норвешкиот играч за врска не може да чекори без патерици.
„Болката при вакви повреди е многу силна. Можам да кажам дека беа исклучително силни кај Одегард. Верувам дека нема да се искомплицира при закрепнувањето на нишата“, се додава во изјавата на лекарот.
Норвешка нема да може да смета на Одегард во следната кампања во Лигата на нациите, но ниту Арсенал, кој ќе остане без Норвежанецот на важните натпревари од Премиер лигата против Тотенхем и Манчестер Сити, како и на стартот од Лигата на шампионите против Аталанта.