Амбасадорката на САД Анџела Агелер, во вечерашното интервју во Дневникот на Сител ТВ обелодени дека на црната листа на САД може да се најдат нови имиња и дека во моментов повеќе имиња се под проверка.
„Имав разговор со Вашингтон и таа листа ќе се надополнува. Во овие случаи се поставува по основ на закони на САД кои нѐ задолжуваат да ги спроведуваме. Тоа е силен правен процес, тој е во тек i не сум сигурна кога ќе се случи. Можам само да кажам дека повеќе имиња се под проверка“, изјави Агелер.
„Нашето пријателство и поддршка нема да се променат. Тоа ќе остане цврсто и може да ве уверувам дека додека сум овде како амбасадор ќе направиме се што можеме да ги поддржиме програмите на кои напорно работевте од независноста“, изјави Агелер.