
Директорот на ЈП Македонски Железници-Инфрастрктура Ирфан Асани присуствува на балканскиот форум за транспорт и инграструктура во железничкиот сообраќај кој се одржува во Бугарија .
Во рамки на овој форум Асани истакна дека Република Mакедонија е крстосница на двата паневропски коридори и тоа Коридорот 10 кој се протега од Р.Србија до Р.Грција со должина од 220км и Коридорот 8 кој кога ке биде целосно изграден ке ги поврзува Црното море преку Македонија со Јадранското море, со должина во Р.Македонија од 310 км.
“Главен фокус на Владата на Р. Македонија, и ЈП Македонски Железници – Инфраструктура е изградба на Коридорот 8. Коридорот 8 има огромна важност за овој дел од Европа посебно за државите од овој регион , бидејки ги поврзува пристаништата на Црно море Бургас и Варна со пристаништата на Јадранското море Драч и Валона” истакна Асани .
Според него македонските железници работат на на проекти за техничка модернизација на Коридорот 10 како што се воведување на системот на GSMR односно воспоставување на мобилна телефонија на железницата и системот ETCS за регулација на брзината на возовите со автостоп уреди.Овие проекти се финансирани од ИПА фондовите и планираме да ги завршиме во 2017 година.Воведувањето на овие два система ке значи зголемување на сигурноста во железничкиот сообраќај и приближување на железницата во Р. Македонија кон моделот на модерна европска железничка мрежа
“Започнавме со реконструкција на железничката станица во Скопје по цели 33 години, со идеа станицата да ја приспособиме да може да ја користат лицата со посебни потреби и хендикепираните лица , а воедно да го вратиме стариот сјај на станицата која кога беше изградена во 1981 година преставуваше врв на архитектурата на Балканот па и пошироко . Исто така ке извршиме реконструкција и на 10 поголеми железнички станици вдолж Коридорот 10 и 10д со средства од ИПА фондовите. Во почетна фаза сме на реализација на идеата за постепена замена, во рок од неколку години, на старата релејна сигналистика со нови електронски поставници и електронски осигурани патни премини” рече Асани пред присутните.
На крајот од неговиот говор Асани истакна дека со заеднички сили Владите, Министерствата и Железничките претпријатија во Бугарија, Албанија и Македонија ке направат напори функционирање на паневропскиот Коридорот 8 низ трите држави да се случи во 2022 година, со што ќе се реализира идеата стара речиси три века.