Претрес во Прилеп, пронајдена дрога, приведено едно лице

Денеска (13.09.2024) во 14.30 часот, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода 20-годишниот М.Г. од Прилеп. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, две дигитални ваги и предмети со остатоци од марихуана.

М.Г. е приведен во полициска станица и по целосно документирање на настанот, против него ќе следува соодветна пријава.