
Овој рецепт е одличен предлог што да зготвите денеска за ручек.
Пригответе компир и грашок со кари зачин.
Начин на подготовка:
1. На масло се пропржува ситно сечканиот лук, сечканиот целер и морковот сечкан на кругови или полукругови.
2. Се става брашното и кари зачинот, се промешува.
3. Се ставаат компирите сечкани на коцки и се прелева со вода.
4. При крај се додава грашокот, се зачинува и се доварува да се соединат вкусовите.
5. На крај се додава сечканиот магдонос.