Медиумите откриваат детали за осомничениот за обидот за атентат врз Трамп

Осомничениот за обидот за атентат врз Доналд Трамп, Рајан Рут, сакал да им се придружи на Вооружените сили на Украина, пренесува The Wall Street Journal.

Тој направил серија објави на социјалната мрежа Х барајќи медиумска покриеност за неговите напори да ги охрабри странците да одат во Украина да се борат против Русија, тврдејќи дека тој самиот е подготвен да се бори и да загине за Киев, се вели во материјалот.

Конгресменката Тејлор Грин, блиска на Трамп, истакна дека осомничениот бил „опседнат“ со војната во Украина, престојувал во Киев и регрутирал странци во редовите на украинските вооружени сили. Оваа информација не е официјално потврдена.

Синот на Раут, Оран Раут, потврдил за весникот The Guardian дека неговиот татко отпатувал во Украина и исклучително страстно ја следел ситуацијата во регионот.

Според The New York Post, осомничениот често пишувал за политика на интернет и донирал пари на Демократската партија од 2019 година. Во дворот на неговиот дом во Хонолулу е паркиран пикап камион со налепница Бајден-Харис.

Телвизискиот канал Fox 8, повикувајќи се на поранешана сосетка на Рут, известува дека тој чувал колемо количество огнено оружје дома и предизвикал страв кај луѓето што живееле во близина. Жената додала дека последен пат комуницирала со Рут кога тој се преселил од Северна Каролина на Хаваи во мај и дошол да се збогува со неа.

Телеизијата NBC News, пак, повикувајќи се на судски документи, известува дека против Рут во Северна Каролина се поднесени повеќе од стотина кривични случаи. Телевизискиот канал забележува дека точниот исход на секој од нив сè уште не е разјаснет. Дополнително, не е прецизирано за кој период се однесуваат предметите.