Случајот со дипломатскиот скандал со Бугарија и изоставувањето на македонското знаме при посетата на претседателката Гпрдана Силјановска – Давкова, опозициските медиуми се обидуваат да го прошират објавуваќи спин дека и премиерот Христијан Мицкоски се сликал без македонското знаме во позадина при посетата на Хрватска и средбата со хрватскиот претседател Зоран Милановиќ која се случи во средината на јули годинава.
Имено, порталот Рацин.мк, кој важи за неформално гласило на опозицијата денеска објави текст со наслов „И Мицкоски во Хрватска на средбата со Милановиќ се сликаше без македонското знаме“, но истиот претставува само евтин обид за спин, бидејќи македонското знаме јасно може да се види на масата на фотографиите објавени од средбата.
Во обидот за спин, искористена е фотографија на која се наоѓаат само хрватското знаме и знамето на ЕУ, но станува збор за протокол кој може да се забележи и на средбата меѓу грчкиот премиер Мицотакис и Милановиќ, каде двајцата се ракуваат без присуство на грчкото знаме, како и на фотографија од средбата меѓу Милановиќ и словенечкиот премиер Роберт Голоб, на која не може да се забележи словенечко знаме.
Очигледно дека станува збор за протокол од хрватската страна и претседателот Милановиќ, а не некаков обид за дискредитација или понижување на Македонија или пропуст на премиерот Христијан Мицкоски како што тоа сакааат да ги прикажат медиумите блиски до опозицијата.
Колку за пример, можат да се видат фотографии од средбата на премиерско ниво меѓу македонскиот премиер Мицкоски и неговиот колега Андреј Пленковиќ која се случи кон крајот на август, каде јасно е истакнато македонското знаме согласно протоколите.