Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски денеска остварил работна средба со новоименуваниот амбасадорот на Франција во Македонија, Кристоф Ле Риголер.
Како што соопштија од Министерството за транспорт, на средбата биле разменети мислења и ставови за актуелните политички и економски прашања во земјава и регионот, со посебен акцент на билатералните односи меѓу двете земји.
Министерот Николоски ја истакнал добрата соработка со Франција, нагласувајќи ја поддршката што ја овозможува Франција во реализација на стратешките цели на земјава. Тој го запознал амбасадорот со владината програма и инвестициите во инфраструктурата, особено во делот на железничките и патните коридори.
-Двајцата разговараа и за реформите што се спроведуваат како дел од евро интегративниот процес на државата. Министерот на новименуваниот амбасадаор Ле Риголер му посака успешна дипломатска работа во земјава, притоа изрази благодарност за сегашната соработка нагласувајќи ја потребата од интензивирање на таквата соработка меѓу двете земји, соопштија од Министерството за транспорт.