Со именувањето на тројцата членови од страна на претседателката Сиљановска Давкова, Советот за безбедност на Република Северна Македонија е во полн состав. Претседател на Советот за безбедност е претседателката Гордана Сиљановска Давкова.
Членови на Советот за безбедност се: ·Африм Гаши, претседател на Собранието, ·Христијан Мицкоски, претседател на Владата,
·Панче Тошковски, министер за внатрешни работи, ·Владо Мисајловски, министер за одбрана, Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи и надворешна трговија, Џевдет Хајредини, Малинка Ристевска Јорданова и Владимир Спиридонов.