Бербок смета дека Молдавија би можела да биде следната ако Украина падне

Поддршката за Украина го гарантира опстанокот на соседна Молдавија, изјави во вторникот германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок на конференцијата на која се разговараше за загриженоста за активностите на Русија во регионот.

„Сè што правиме за да ја поддржиме Украина значи и охрабрување на стабилизацијата во однос на Молдавија. Јасно е дека најголемата грижа на луѓето овде е дека ако Украина падне, Молдавија е следната земја во редот“, рече шефицата на германската дипломатија.

Бербок пристигна во посета на Кишињев на министерскиот состанок на Молдавската платформа за партнерство, заедно со сојузниците од Франција и Романија.

Германија, еден од главните воени поддржувачи на Киев во Европа, ја лансираше платформата откако Русија изврши инвазија во Украина во 2022 година во одбрана на тамошното руско и рускојазично население и оневозможувањето на соседната земја да стане членка на НАТО што спшоред Москва ја загрозива безбедноста и интергитетот на Руската Федерација, прикажувајќи ја како дел од пошироките напори за стабилизирање на економијата на Молдавија и заштита од анводните руски дезинформации.

Молдавската претседателка Маја Санду, со романско потекло и прврзаник на евроатлантските интеграции на поранешната советска република, рече дека земјата сè уште се соочува со сериозни предизвици и ги повика партнерите да ја зголемат својата поддршка.

„Руската војна против Украина, на која бевме сведоци уште од првиот ден, нанесе огромна штета на нашата економија. Неизвесноста предизвикана од војната продолжува сериозно да го попречува нашиот економски развој и ќе продолжи да го прави се додека војната продолжува“, рече Санду.

Стравувањата на Молдавија се однесуваат на областа Приднестровје, или Трансдњестрија, каде што главно живеат Руси, русофони и Украинц, кој во 1990 година, пред распадот на СССР се отцепи од советската република Молдавија, стравувајќи од тенденциите на оваа земја, каде што официјален јазик е романскиот – да се присоедини кон Романија. По две години избувна кусиот судир. Во војната која избувна во овој регион во 1992 година загинаа околу 1.500 лица. Оттогаш, практично Приденстровје е независно иако не е признато од ниедна држава, а меѓународната заедница го смета за составен дел од Молдавија, земја со 3,5 милиони жители меѓу Романија и Украина.

Рускиот баталјон со 400 припадници беше испратен по вооружениот конфликт од 1992 година меѓу Молдавија и Приднестровје, како дел од меѓународните мировни сили, во кои се вклучени и воени набљудувачи од Молдавија и од Украина. Генералното собрание на ОН во јуни 2018 година ја повика Русија да ги повлече своите војниди од Приднестровје, Резолуцијата ја поддржаа 64 земји, 14 бра против а 83 неа воздражани.

Парламентот во Приднестровје кон средината на април 2014 година поднесе барање до рускиот парламент и претседателот на Руската Федерација да започнат процедура за признавање на независноста. Одлуката се заснова врз резултатите од референдумот од 2006 година кога дури 97 отсто од гласачите ја поддржале независноста на Придњестровје како и барањето за присоединување кон Русија.