Јапонија има нов рекорд за долговечност со повеќе од 95.000 луѓе на возраст од 100 или повеќе години, од кои речиси 90 отсто се жени, покажаа владините податоци објавени во вторникот.
Овие податоци укажуваат на демографска криза која ја погодува четвртата по големина економија во светот, чие население старее и опаѓа.
Јапонија на 1 септември имала 95.119 стогодишници, 2.980 повеќе од пред една година, вклучувајќи 83.958 жени и 11.161 мажи, соопшти Министерството за здравство.
Посебни податоци објавени од Министерството за внатрешни работи и комуникации во неделата покажаа дека бројот на луѓе на возраст од 65 или повеќе години достигна рекордни 36,25 милиони Јапонци, или 29,3 отсто од вкупното население.
Откако претходниот рекордер за долговечност, Марија Брањас Море, почина минатиот месец на 117-годишна возраст, една Јапонка сега е најстарата жива личност во светот.
Томико Итока, 116-годишна родена на 23 мај 1908 година, сега е најстарата жива личност, според Американската геронтолошка истражувачка група.