Министерот Владо Мисајловски денеска во Министерството за одбрана оствари работна средба со амбасадорката на Соединетите Американски држави, Н.Е. Анџела Агелер.
На средбата се разговараше за претстојната работна посета на министерот Мисајловски на САД, по повод билатералните консултации во областа на одбраната меѓу двете земји.
Министерот и амбасадорката дискутираа за актуелните безбедносни предизвици со кои се соочува Европа и НАТО Алијансата како и за идните приоритети во билатералната одбранбена соработка со САД, нашиот докажан стратешки партнер и сојузник.