Коалицијата Вреди остро реагира на денешната одлука на Уставниот суд за покренување на постапка за оценување на уставноста и за замрзнување на употребата на „балансерот“ за вработување на припадници на немнозинските етнички заедници во јавната администрација.
Според Вреди, оваа одлука е инспирирана од очигледната потребата на „криминалните структури на претходната власт за создавање меѓуетнички проблеми и дестабилизација на внатрешните односи во државата“.
„Сакаме да ѝ укажеме на јавноста дека сите судии, без исклучок или било каква припадност, се избрани со гласови на ДУИ во претходните мандати. ДУИ давала поддршка на сите оние кои денес поведоа постапка против т.н. балансер. Вреди веќе работи на решавање на проблемот со правичната застапеност на Албанците во институциите, но на адекватен систематизиран и кодифициран начин. Вреди ќе го реши овој проблем со нов закон на кој веќе се работи. Да потсетиме дека принципот на рамноправна и правична застапеност е гарантиран со Уставот и тој не може да биде оспорен и поништен дури ни од Уставниот суд. Дополнително, во десетици и десетици, можеби и стотици материјални закони за функционирањето и работата на поединечни институции гарантирана е застапеноста на Албанците“, велат од коалицијата Вреди.