Нема пожари во Македонија, дождот заврши работа

Од Центарот за управување со кризи – ЦУК, утрово информираат дека во текот на вчерашниот ден немало ниту еден пожар на отворен простор во Македонија.

Во текот на вчерашниот ден имаше обилни дождови низ повее градови во Македонија, па се покажа дека дождот е спас од пожарите.

ЦУК апелира за редовно чистење на локалните одводни канали и да не се фрлаат отпадоци во нив, ниту пак во речните корита.