Илјадници пејџери и воки-токи уреди користени од либанскоот шиитско движење Хезболах експлодираа ширум Либан оваа седмици, во невидените досега во историјата напади во кои загинаа 32 лица, а беа ранети повеќе од 3.000.
Експлозиите два последователни дена ѝ нанесоа значаен удар безбедносно-разузнавачки удар на добровооружената милиција на либанските шиити поддржувана од Иран, која го обвини Израел, својот главен непријател, за нападите и вети дека ќе се одмазди.
Водачот на Хезболах, Хасан Насрала, се очекува да се обрати подоцна во четвртокот, а се верува дека многумина внимателно ќе го следат неговиот говор за какви и да се индиции за одговорот на движењето.
Што се случи?
Во вторникот илјадници пејџери кои ги носеле оперативците на Хезболах, но и цивили и политички претствници, експлодираа речиси истовремено во упоришта на движењето во јужен Бејрут, но и на пазари и јавни простори и во источен и јужен Либан. Во експлозиите загинаа најмалку 12 лица, вклучително и две деца, а беа ранети до 2.800 луѓе, соопшти либанското Министерство за здравство.
Вториот бран експлозии, овојпат симултано предизвикан на воки-токи уреди, ги погоди областите под контрола на Хезболах во средата, при што загинаа 20 луѓе, а повеќе од 450 беа ранети.
Снимката на телевизискиот сервис на францската новинска агенција AFP покажува како луѓе трчаат за да се заштитат додека одекнува експлозија за време на попладневниот погреб на борците на Хезболах во јужен Бејрут. Тие беа убиени еден ден претходно во пејџер експлозии.
Либанскиот министер за здравство Фирас Абијад изјави за телевизијата Al Jazeera дека вториот бран експлозии бил посмртоносен бидејќи воки-токи уредите биле поголеми од пејџерите.
Хезболах веќе беше загрижен за безбедноста на своите комуникации, бидејќи изгуби неколку клучни команданти во израелските напади во последните месеци. Но, природата на нападот создаде чувство на паника, не само во упориштата на Хезболах, туку и низ Либан.
Што вели Израел?
Израел не ја коментираше операцијата. Меѓутоа, пред првите експлозии, Израел објави дека ги проширува целите во војната со палестинската милитантна група Хамас.
По нападот на Хамас на 7 октомври, Израел вети дека ќе ги врати дома десетици заложници заробени од палестинските милитанти и дека ќе го уништи Хамас.
Моменталниот сојузникот на сунитското палестинско движење Хамас, со кое на различни конфронтирани страни во регионот до пред две години беше шиитски Хезболах, од октомври речиси секојдневно разменува оган со израелските војници долж либанско-израелската граница.
Во судирите на либанскиот фронт, кои официјално не се водат како војна, загинаа стотици во Либан, повеќе борци и речиси стотина цивили меѓи кои и војници, а десетици лица вклучително и војници, на израелската страна. Тие, исто така, принудија десетици илјади луѓе од двете страни да ги напуштат своите домови.
Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант во средата, осврнувајќи се на северната граница на неговата земја со Либан, рече: „Центарот на гравитација се движи кон север“.
Како беа извршени нападите?
Дел од ефективноста на нападот произлегува од неговата необична природа – комуникациските уреди кои ги користел Хезболах а се претворени во смртоносно оружје. Аналитичарите велат дека експлозиви најверојатно биле поставени во пејџерите пред да бидат доставени до Хезболах. Првичните наоди на либанската истрага покажаа дека пејџерите биле стапица, изјави претставник на безбедноста.
„Наодите покажуваат дека уредите биле однапред програмирани да активираат и содржеле експлозивни материјали поставени до батеријата“, вели за AFP службеник, барајќи анонимност за да разговара за чувствителните работи.
Извор близок до Хезболах, кој исто така сакал да остане анонимен, реколе дека пејџерите биле „неодамна увезени“ и се чини дека биле „саботирани уште од изворот“.
Откако американскиот дневен весник The New York Times објави дека пејџерите коишто експлодираа во средата биле нарачани од тајванскиот производител „Gold Apollo“, компанијата соопшти дека тие наводно се произведени од нивниот унгарски партнер „BAC Consulting KFT“.
Меѓутоа, владиниот портпарол во Будимпешта рече дека компанијата е „комерцијален посредник, без производствени или оперативни простории во Унгарија“.
Јапонската компанија „Icom“ соопшти дека престанала да прави модел на воки-токи, наводно користен во експлозиите во средата во Либан пред околу десет години.
Дали Израел е одговорен за нападите?
Некои израелски медиуми и експерти рекоа дека нападот со пејџер покажал дека Мосад, шпионската агенција позната по таквите подвизи како убиства од одмазда во раните 1970-ти и луѓето кои стојат зад смртта на 11 израелски спортисти на Олимписките игри во Минхен, е одговорна за нападот.
Џон Хана од Еврејскиот институт за национална безбедност на Америка го опиша нападот со пејџери како „уште еден прекрасен приказ на израелската разузнавачка моќ“.
Хана рече дека Мосад уште еднаш демонстрирал „способност не само да навлезе длабоко во најчувствителните мрежи на своите најлоши непријатели, туку и да врши операции со екстремна прецизност и смртоносна кога сака“.
Инцидентот се случи речиси една година по нападот без преседан во седумдеценискиот конфликт според организираноста, координираноста и бројот на израелски жртви, вклучително и воени во еден ден на Хамас на 7 октомври, кој им нанесе голем удар на израелските разузнавачки служби затоа што не ги спречија.