
Поради изведување водоводен приклучок од Ф-80мм на ул. „Македонија“ (спроти Спомен куќата на Мајка Тереза ) во Центар, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на потегот од ул. „Димитрија Чуповски“ до „Даме Груев“ и дел од „Луј Пастер“.
Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“-Скопје, водоснабдувањето ќе биде во прекин од 08:30 часот до санирање на дефектот.