На валутните пазари вредноста на американскиот доларот во однос на кошницата валути во раното претпладневно тргување во петокот падна недалеку од најниското ниво во една година.
Индексот на доларот, кој ја искажува вредноста на американската во однос на другите шест најважни светски валути, утринава се движи околу 100,70 поени, додека вчера во истиот период од тргувањето изнесуваше 101,03 поени.
Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута се лизна од вчерашните 143,10 на 142,25 јени.
Американската валута, исто така, ослабе во однос на европската, па цената на еврото достигна 1,1160 долари, додека вчера во исото време изнесуваше 1,1115 долари.
Цените на нафтата, од друга страна, паднаа. Цената на барелот на лондонскиот пазар утрово се лизна за 0,23 отсто, на 74,70 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот се намали за 0,08 отсто, на 71,20 долари.
И покрај ова, цените на нафтата се на пат за значителни седмични добивки.