По одлуката да набават уште една четврта по ред фрегата Белара, грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на Фејсбук напиша: „Грција станува сѐ посилна“.
Министерот за одбрана Никос Дендиас соопшти дека Грција ја реализира големата програма за зајакнување на вооруените сили.
„-Додека нашата земја се подготвува да ја пречека првата фрегата Белара, на денот кога втората беше лансирана во бродоградилиштата на „Навал груп“ во Лорен, додека третата се гради, започнуваат процедурите за набавка на четврти брод од овој тип. Така, се реализира големата програма за зајакнување на вооружените сили што лично ја најавив. Трошоците за купувањето се буџетирани на начин што не ја нарушува нашата фискална конзистентност. Сепак, беше оценето дека е неопходно бидејќи заштитата на татковината е приоритет за кој не се преговара. Грција станува сѐ посилна, напиша Мицотакис на Фејсбук.