Катарската телевизија Ал Џезира утринава објави дека израелските војници извршиле рација во нејзиното дописнништво во Рамала на Западниот Брег со наредба дека тоа мора да биде затворено во рок од 45 дена.
Телевизијата во живо пренесуваше како војниците упаднаа во канцеларија и дале наредба на вработен, за во тој момент да го прекинат преносот.
Во соопштението за печатот, Синдикатот на палестинските новинари ја осуди таа акција, велејќи дека „произволната одлука на армијата е ново насилство врз работата на новинарите и медиумите кои ги разоткрија окупациските злосторства врз Палестинците“.
Минатиот мај, израелските власти извршија рација во хотелска соба во Ерусалим што ја користеше Ал Џезира со образложение дека таа претставува закана за националната безбедност.