Снимката на која се гледа како берлинската полиција брка момче кое носи палестинско знаме предизвика бројни реакции на социјалните мрежи.
Снимката е објавена вчера на мрежите, а на неа се гледа како неколку полицајци бркаат момче кое го носело знамето на Палестина.
Кога го фатиле, на протестите настанал вистински хаос, но полицијата ја смирила ситуацијата и подоцна го внела момчето во полициски автомобил. На едно од видеата се гледа како дури девет полицајци го внесуваат момчето во комбето.
Засега не е позната причината зошто полицајците го бркале и фатиле момчето.
Корисниците на мрежата Х пишуваат дека тоа е срамен потег на германската полиција бидејќи се работи само за дете. Други се прашуваат дали „злосторството“ на ова момче е протестирањето против масовните убиства на деца во Газа.
Пропалестински протести се одржуваат ширум светот од октомври минатата година кога почна војната во Појасот Газа.