Доларот благо зајакна, цените на нафтата го продолжија растот

На валутните пазари во раното препладневно тргување во понеделникот вредноста на американскиот долар во однос на кошничката валути благо порасна, откако минатата седмица падна за 0,4 отсто.

Индексот на доларот, кој ја искажува вредноста на американската во однос на другите шест најважни светски валути, претпладнево се движи околу 100,80 поени, додека во петокот навечер на затворањето на тргувањето изнесуваше 100,74 поени.

Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута порасна од 143,85 на 144,10 јени.

Меѓутоа, американската валута благо ослабна во однос на европската, па цената на еврото достигна 1,1165 долари, додека во петокот вечерта чинеше 1,1160 долари.

Цените на нафтата, пак, дополнително се зголемија, откако минатата седмица скокнаа за повеќе од 4 отсто.

Цената на барелот на лондонскиот пазар претпладнево зајакна за 0,82 отсто, на 75,10 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот порасна за 0,92 отсто, на 71,65 долари.