Најмалку три жртви во бродолом на мигранти близу грчкиот остров Самос

Тројца мигранти загинаа, а најмалку 25 се водат како исчезнати откако нивното пловило потона во понеделникот кај грчкиот остров Самос, јави државната телевизија.

Грчката крајбрежна стража соопшти дека досега на копното открила и згрижила пет мигранти.

Акцијата за пребарување и спасување со четири бродови на крајбрежната стража и хеликоптер продолжува по карпестиот брег кај Агиос Исидорос на северозападниот дел на островот.

Како што пренесува државната телевизија ЕРТ, потонал пластичен чамец. Притоа се наведува дека во областа дува северозапаен ветар о 5-6 бофори што предизвикува ја попречува потрагата во пошироката област.

Грција беше омилена порта кон Европската унија за мигрантите и бегалците од Блискиот исток, Африка и Азија од 2015 до 2016 година, кога речиси милион луѓе се истоварија на нејзините острови, главно со гумени чамци.

Пристигнувањето на мигрантите потоа се намали, но минатата година повторно почна да се зголемува.