Генерално со сите бивши претседатели без разлика на политичка определба сум се сретнал освен со Стево Пендаровски, бидејќи не знаев дека ќе ги користи сите бенефиции кои следат. Со сите имам беспрекорна соработка, се’ што побарале сум исполнил и се’ е платено, истакна директорот на Службата за општи и заеднички работи Ивица Томовски во гостување во „DailyClick“ на ТВ 21.
Томовски продолжи и додаде:
„Неодамна слушнавме дека поранешниот претседател Пендаровски се откажува од сите привилегии кои го следат од државата. Можам да констатирам дека сите претседатели користат се’ од она што им следи од Службата за општи и заеднички работи и Пендаровски доби канцелариски простории и одредени работи кои му се потребни за негово непречено функционирање како авио карти и возилото. Имаше и некое барање за авторски договор од 80,000 денари за негов асистент или вработен за неговите потреби“, посочи Томовски.