Сеизмолошката опсерваторија потсетува какви мерки да се преземат во случај на земјотрес

По случениот земјотрес изутринава во град Скопје, поточно во 02:02 часот по локално време, со локална Рихтерова магнитуда ML=3.4, кој ги вознемири жителите на град Скопје, Велес, Свети Николе и околните населени места, од Сеизмолошката опсерваторија при ПМФ потсетуваат на мерките за заштита од земјотрес.

– Ве замолуваме да го скенирате следниот QR код, кој ќе Ве упати кон мерките за заштита пред, за време и по случен земјотрес. Сеизмолошката Опсерваторија при ПМФ – Скопје нуди стручни предавања од оваа област на ученици и останати заинтересирани лица. Можете да не контактирате на нашата фб страница, како и на нашата Веб страна https://seismobsko.pmf.ukim.edu.mk/, или пак на е-пошта [email protected], велат оттаму и додаваат: 

– Со ова известување упатуваме и апел за пополнување на прашалникот за почуствуван земјотрес во случај на почуствуван земјотрес од Ваша страна, а ваквите податоци се од големо значење за работата на Сеизмолошката опсерваторија. 

За да пријавите почувствуван земјотрес може да се јавите и на бесплатниот телефонски број 195.