Осуденик нападнат во затворот во Штип

Осуденик бил физички нападнат од група осуденици во штипскиот затвор.

„На 22.09.2024 во 17:37 часот во СВР Штип, од Казнено-поправната установа Затвор Штип било пријавено дека околу 15:20 часот, осуденикот Ѓ.Д.(51) од тетовско Волковија бил физички нападнат од неколку осуденици, вела од МВР, додавајќи дека по целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.