Раководството на Социјалдемократската партија на Германија (СПД), партијата на канцеларот Олаф Шолц, денеска негираше дека е во доведена во прашање неговата кандидатура за нов мандат на чело на владата, по тесната победа над крајно десничарската партија на регионалните избори.
На регионалните избори во покраината Бранденбург, социјалдемократите ја победија крајно десничарската Алтернатива за Германија (AfD) благодарение на популарноста на гувернерот Дитмара Војдке, кој заостанувал во предизборните анкети и тврдел дека ќе се повлече ако неговата партија не добие најмногу гласови.
Војдке не ги споменувал Шолц и неговата непопуларна влада во кампањата. Другите две членки на владината коалиција – Зелените и Либералите, остварија исклучително лош резултат на изборите во Бранденбург, одржани 12 месеци пред редовните парламентарни избори.
Копредседателот на социјалдемократите Ларс Клингајл оцени дека исходот на вчерашните избори позитивно ќе влијае на резултатот на партијата на парламентарните избори, иако таа многу лошо помина на јуниските избори за Европски парламент и на регионалните избори во две источнонемачки покраини – Саксонија и Тирингија, на 1. септември.
На конференција за новинари, Клингајл изјави дека „како лидер на партијата сака да победи на парламентарните избори“.
„Тоа е за 12 месеци и ќе се бориме заедно. Вчерашните избори не охрабруваат дека тоа можеме, но знам и дека предизвиците и прашањата на национално ниво се далеку од решени само поради синоќешниот резултат“, додаде Клингајл.
Шолц претходно изјави дека ќе се кандидира за втор канцеларски мандат, но дел од членовите на СПД ја доведуваат во прашање таа можност, додека партијата сè уште не донела официјална одлука. Клингајл нагласи дека кандидатирата на Шолц не е под знак прашње.
– Aпсолутно нема колебања. Во раководството на партијата, пратеничката група, меѓу гувернерите на државите и министрите, за тоа никаде не се разговара, рече Клингајл.
Според истражувањата на јавното мнение, најмногу гласови на парламентарните избори би освоил конзервативниот блок, кој го сочинуваат Христијанско-демократската унија (CDU) и Христијанско-социјалната унија (CSU). Оваа коалиција ја официјализирашње кандидатурата на лидерот на ЦДУ Фридрих Мерц за канцелар.