Израелската влада прогласи вонредна состојба

Израелската влада прогласи вонредна состојба низ целата земја денеска по драматичното интензивирање на борбите меѓу израелската војска и Хезболах во јужен Либан, јави ДПА.

Израелските медиуми соопштија дека декларацијата ќе трае до 30 септември и значи, меѓу другото, дека големината на собирите може да биде ограничена.

Сепак, досега армијата сè уште нема објавено нови инструкции.