Сиљановска Давкова во ООН побара пресудите на Меѓународниот суд на правдата да бидат обврзувачки

Претседателката на државата Гордана Сиљановска Давкова се обрати на Самитот за иднината во Обединетите нации на тема „Мултилатерални решенија за подобро утре“. Таа во обраќањето истакна дека се залага Меѓународниот суд на правдата да има посилна улога во светскиот поредок, а неговите пресуди да бидат обврзувачки.

„Меѓународниот суд на правдата мора да добие посилна улога, а неговите пресуди, да станат задолжителни за сите. Мора да се воспостави поинтензивна соработка и партнерство со граѓанското општество, да се зголеми транспарентноста на работата на сите органи и тела. Не мислам дека проширувањето на Советот за безбедност со неколку нови постојани членови, со ексклузивно право на вето, само по себе ќе значи поголема гаранција за мирот, за безбедноста, иако ми е јасно дека односот на силите на глобалната сцена, денес не е оној од 1945 година. Како претставничка на мала држава, верувам дека во овој орган треба да се зголеми учеството на помалите држави за да се заштитат од реалната опасност од поголемите“, рече македонската претседателка во обраќањето во Хаг.