Променливо облачно и релативно топло, попладне локални врнежи

Во вторникот во на територијата на Македонија ќе преовладува променливо облачно и релативно топло време. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Претежно во западните делови и особено од пладневните часови ќе има локална појава на повремен пороен дожд и услови за ретки грмежи.

Утринските температури се движат меѓу 4 и 12, додека највисоките во текот на денот соодветно ќе бидат во опсегот од 14 до 27 Целзиусови степени.

Во Скопје и околината денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, поголема попладне кога ќе има услови за појава на краткотраен дожд. Температурата ќе достигне до 24 степени.