Надал ќе настапи во завршницаа на Дејвис купот

Рафаел Надал, легендарниот 38-годишен шпански тенисер ќе игра во завршницата на Дејвис купот што од 19-ти до 24-ти ноември ќе се одржи во Малага.

Последните натпревари Надал ги одигра во текот на летото, на Олимписките игри во Париз. Во сингл конкуренцијата на Игрите беше поразен од Новак Ѓоковиќ, додека во двојки со Карлос Алкараз стигна до четвртфиналето. Потоа се повлече од УС Опен, а го откажа и настапот на Лејвер купот, кој се одржа минатата седмица.

Во текот на кариерата Надал освои дури 22 грен-слем титули, од кои четиринаесет пати го подигна победничкиот пехар на Ролан Гарос. Тој исто така четири пати го освои Дејвис купот со Шпанија, во 2004, 2009, 2011 и 2019 година.

Ндал повторно ќе игра за шпанската репрезентација на крајот од Дејвис купот во ноември, а пријавени се и Карлос Алкараз, Роберто Баутиста Агут, Пабло Карено Буста и Марсел Гранољерс.

Во четвртфиналето Шпанија ќе игра против Холандија, а преостанатите четвртфинални двојки се Германија – Канада, САД – Австралија и Италија – Аргентина. Минатогодишната титула ја одбранија Италијанците.