САД: Треба да се спречи ескалација на судирите меѓу Израел и Хезболах

Соединетите држави не ја поддржуваат ескалацијата на конфликтот што се случи во последните денови меѓу Израел и Хезболах, изјави висок претставник на Стејт департментот, пренесува Reuters.

„Не можам да се сетам, барем не во последниот период, дека каква и да е ескалација или интензивирање на конфликтот довело до деескалација. Стабилизацијата не може да се случи на таков начин“, рекол америкаснкиот функционер, наведувајќи дека Вашингтон интензивно ќе разговара со своите сојузници за конкретни идеи за смирување на ситуацијата и спречување на проширување на војната.

Во понеделникот Израел изврши жестоки воздушни напади, како што тврди, врз цели на Хезболах во Либан, при што според последните информации зна либанското Министерство за зддравство убиени се 492 лица. Повеќе од 1.500 луѓе се ранети, а десетици илјади избегаа за да најдат побезбедно место.

По споменатиот напад, израелските власти изјавија дека во никој случај не се за проширување на војната, туку дека овој напад, како и претходниот, е осмислен да ги принуди членовите на Хезболах да најдат дипломатски решенија за актуелната криза и да ги повлечат своите борбени позиции од границата со Израел. Високиот функционер на Стејт департментот го отфрли овој став и изјави дека САД не го поддржуваат.

На прашањето дали Израел подготвува копнена инвазија на Либан, високиот функционер соговорник на Reuters само одговорил дека и таквата акција воопшто нема да придонесе за намалување на тензиите.

Засебно вооруженото крило на палесински Хамас објави дека еден од неговите команданти, Махмуд Ал Надер, бил убиен за време на израелските напади во понеделникот во Појасот Газа.