Министерот за одбрана, Владо Мисајловски заедно со началникот на Генералштабот на Армијата, генерал мајор Сашко Лафчиски, ја предводат македонската делегација која од денес е во работна посета на Соединетите Американски Држави.
Повод на посетата се годишните билатералните одбранбени консултации меѓу двете земји.
За време на посета на министерот Мисајловски ќе оствари средби со високи официјални претставници на Пентагон и вооружените сили на САД.
Билатералните консултации на експертските тимови на Пентагон и на Министерството за одбрана се во насока на продлабочување на сојузничката одбранбена соработка помеѓу двете земји, која се одвива преку континуираните програми за поддршка на одбранбените реформи, процесот на модернизација на македонската Армија, заеднички обуки и вежби.
САД се наш стратешки партнер кои од 1996г. континуирано ја поддржуваат македонската одбрана во развојот на капацитетите на нашата Армијата.