Сопругата на Стојанче Ангелов стана главен советник во МВР во Секторот за меѓународна соработка

Сопругата на директорот на Центарот за управување со кризи, Јасминка Ангелова, стана главен советник во Секторот за меѓународна соработка во Министерството за внатрешни работи, информацијата за „Фокус“ ја потврдија од МВР.

-Ве известуваме дека работникот Јасминка Ангелова со решение за распоредување е распоредена на работно место главен советник за соседни држави и Југоисточна Европа во Одделение за билатерална соработка во Сектор за меѓународна соработка во Оддел за Европска Унија и меѓународна соработка во МВР, велат од МВР за „Фокус“.

Ангелова се враќа во Министерството за внатрешни работи откако претходно од МВР беше трансферирана во Агенцијата за разузнавање.