Републиканскиот претседателски кандидат и поранешен американски претседател Доналд Трамп изјави во вторникот дека САД треба да се повлечат од војната во Украина и дека демократската потпретседателка Камала Харис и претседателот Џо Бајден немаат намера да го сторат тоа.
„Бајден и Камала нѐ вовлекоа во војната во Украина и сега не можат да нѐ извлечат. Не можат да нѐ извлечат“, рече Трамп во својот говор во сојузната држава Џорџија.
САД немаат, барем официјално, директно воено присуство во Украина, но обезбедија милијарди долари воена и хуманитарна помош, додека изминатите десет години учестуваа со интензивно и континуирано увежбување на украинаската армија.
„Мислам дека се заглавивме во таа војна, освен ако не станам претседател. Ќе ја завршам. Ќе преговарам и ќе се извлечеме. Мораме да се извлечеме. Бајден вели ‘не заминуваме додека нѐ победиме.’ Што ќе се случи ако тие победат“, рече Трамп.