Иран е подготвен да стави крај на својот нуклеарен конфликт со Западот, изјави во вторникот иранскиот претседател Масуд Пезешкијан на Генералното собрание на Обединетите нации, повикувајќи на прекин на руската војна во Украина преку дијалог.
Иранскиот свештенички естаблишмент се надева на олеснување на американските санкции кои и наштетија на економијата на земјата.
Во 2018 година, тогашниот американски претседател Доналд Трамп го напушти нуклеарниот договор на Техеран од 2015 година со шест светски сили и повторно воведе строги санкции кон Иран. Напорите за заживување на пактот не успеаја, поради инсистирање на западните потписници кои се придружија договорот да се прошири и на иранската ракетна програма.
Односите на Техеран со Западот се влошија откако Иран не се придружи на западните санкции против Русија по инвазијата во Украина и одржувањето на соработката и во воената сфера со Москва, како и поддршката што земјата во коај доминира шиитскиот ислам го поддржа милитантното палестинско сунитско движење Хамас кои ланскиот 7 октомври изведе ненаден напад во јужен Израел по што започна израелската инвазија во Газа.
Пезешкијан, релативно умерен политичар кој ја презеде функцијата во август ветувајќи прагматична надворешна политика, го критикуваше главниот непријател на Иран Израел за, како што го нарече „неговиот геноцид во Газа“.
„Императив е меѓународната заедница веднаш… да обезбеди траен прекин на огнот во Газа и да стави крај на очајното варварство на Израел во Либан, пред да го зафати регионот и светот“, рече Пезешкијан.
Во израелскиот воздушен напад врз Бејрут во вторникот беше убиен висок командант на либанското шиитско движење Хезболах, кое е поддржано од Иран, додека прекуграничните ракетни напади од двете страни ги зголемија стравувањата од сеопфатна војна.
„Ние бараме мир за сите и немаме намера за конфликт со ниту една земја… Иран се противи на војната и ја нагласува потребата од итен прекин на воениот конфликт во Украина“, рече Пезешкијан.