Американската полиција објави дека пукале во предизборната канцеларија на американската потпретседателка и кандидат на демократите Камала Харис во Аризона, само една недела по вториот обид за атентат врз Доналд Трамп.
Штетата предизвикана од неколку истрели од огнено оружје е откриена во канцеларијата на Демократскиот национален комитет во населбата Темпи во градот Феникс, соопшти локалната полиција, а пренесува „Њујорк пост“.
„Никој не беше во канцелариите во текот на ноќта, но тоа предизвикува загриженост за безбедноста на оние кои работат во таа зграда, како и на оние кои се во близина“, изјави полицискиот претставник Раџан Кук.
Тој потврди дека полициските инспектори ги анализираат доказите собрани на местото на настанот, како и дека се преземени дополнителни мерки за подобрување на безбедноста на персоналот и другите луѓе кои работат и живеат на тој простор.